„Данас“: До јуни план за Косово, а потоа менување на Уставот на Србија

672

Во пресрет на вечерашните разговори во Брисел меѓу претседателите Александар Вучиќ и Хашим Тачи, медиумите пишуваат за очекувањата од дијалогот меѓу Белград и Приштина и за нормализација на односите.

Весникот „Данас“ објави дека „одредени дипломатски кругови тврдат дека Вучиќ има рок до јуни да го престави планот за Косово, за во декември 2018 или во јануари 2019 да се мениува Уставот на Србија“.

– И на Вашингтон и на Берлин им е во интерес до крајот на годинава Белград и Приштина да го потпишат правно обврзувачкиот договор, за разлика од Москва која смета дека не треба да се постигнуваат брзи и изнудени решенија. Притисоците на Запад врз Србија за Косово не се зајакнати во смисла дека нешто конкретно се случува овие денови, туку на она што Србија ја очекува, а тоа е носењето на договорот за нормализација на односите со Приштина, без што нема европски интеграции, како што и Западот и Приштина не сакаат компромиси за статутот, ниту измени на границите. Не е проблем што понатуму треба да се прави, денес или утре, туку во наредните година-две – наведува „Данас“, повикувајќи се на дипломатски извори.

Тие исто така наведуваат дека „на претседателот Вучиќ не му е експлицитно кажано дека Белград треба да го признае Косово, но, најверојатно тоа ќе биде услов во иднина“.

Вучиќ, кој деновиве престојуваше во Њујорк, за РТС изјави дека „очекувал поголемо разбирање (од Запад) не само за Србите во Косово , туку и за Србија“. об/ми/11:31

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...