Министерство за здравство: Се прават натчовечки напори за да им се помогне на пациентите

312

Службите и екипите на Министерството за здравство уште од моментот кога се случи вчерашната страшна сообраќајна несреќа на автопатот Скопје-Тетово, во близина на село Ласкарци и во која починаа 14 лица, се на терен, максинално ангажирани и ажурни во целта да се направи сè за да се спасат животите на тешко повредените, соопштија денеска од Министерството за здравство.

Мобилизирани се специјалисти од земјава и искористени се ресурси од сите клиники, екипите од болницата „8-ми Септември“, Ургентниот Центар, Клиничката болница во Тетово и возилата за итна медицинска помош од Здравствениот дом во Скопје и од приватните болници „Систина“ и „Неуромедика“. Целокупниот здравствен систем е активиран веднаш и постојано се прават натчовечки напори за да им се помогне на пациентите.

Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче, од рано утрово ги посети сите повредени, а исто така, до доцна во ноќта заедно со служби од Министерството за здравство направи увид на здравствената состојба на пациентите и го чекаше исходот од вкупниот број на жртви во ходниците на болниците, заедно со семејствата на учесниците во трагичниот настан, додаваат од Министерството.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...