Уште еден повреден во вчерашната тешка сообраќајка на автопатот Скопје – Тетово, заврши во Ургентниот центар на скопските клиники.
Пред дваесетина минути со возило на Брза помош со тетовски регистрации пациентот беше донесен на Ургентен. Според она што можеше да го забележи нашата екипа, тој беше свесен, но медицинските лица не можеа да потврдат за сериозноста на повредите, бидејќи тој само што пристигна кај нив.
А повредената трудница, која синоќа беше примена на Ургентниот центар, денеска ќе биде префрлена на Клиниката за гинекологија и акушерство, на одделот за патолошка бременост, каде по прегледот, интензивно ќе се следи нејзината состојба, дознава Плусинфо.
Од шетсмината повредени во тешката сообраќајка, кои синоќа беа донесени и оперирани на Хируршките клиники во комплексот „Мајка Тереза“, еден пациент денеска ќе биде префрлен на оддел на Клиниката за неврохирургија, а друг на Клиниката за трауматологија.