Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата со сочувство за загинатите

89

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“ изразуваат длабоко сочуство до семејствата и сите блиски на загинатите во автобуската несреќа на патот Скопје – Тетово.

„Денеска Република Македонија е во огромна болка и тага. Ова е огромна загуба. Мислите на сите нас се со семејствата на загинатите сограѓаните. На повредените граѓани во сообраќајката им посакуваме што побрзо закрепнување“, се наведува во соопштението на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...