КК Гостивар бара одложување на купот

65

Кошаркарскиот клуб Гостивар денеска побара Македонската кошаркарска федерација да ја одложи завршницата од националниот куп предвидена да се игра од утре до недела во Гевгелија.

– Ја информираме јавноста и МКФ дека, КК Гостивар не е во состојба да учествува на престојниот КУП на Македонија и бараме безусловно одлагање на истиот, стои во соопштението на КК Гостивар – објавено на клупскиот фејсбук-профил.

Поради трагичната несреќа која го погоди нашиот град. Кошаркарскиот клуб Гостивар најдлабоко жали за огромниот број сограѓани кои ги изгубија своите животи и соочуствуваме со нивните семејства, а на повредените им посакуваме брзо закрепнување. Во трагичниот настан, животот го загуби и нашиот играч Јовица Трпевски. Ги одлагаме сите натпревари од Втората и младинските лиги закажани за викендов, стои во информацијата на КК Гостивар.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...