Еден од најтажните денови за Македонија, велат ДНК, познатите изразуваат сочувство на семејствата на загинатите

1525
Photo: EPA / Frosina Novakovic

Еден од најтажните денови за Македонија. Сочувство до семејствата на сите загинати, а на повредените им посакуваме брзо закрепнување, порачаа ДНК на социјалните мрежи.

– Сите сме во мислите со семејствата на настраданите и повредените во оваа трагедија. Многу тажен ден за Македонија… Примете искрено сочувство – напиша пејачката Каролина Гочева на својот Фејсбук.

За во недела е презакажан концертот кој таа требаше да го одржи утре, заедно со Македонската филхармонија.

За големата трагедија се огласија и Викторија Лоба, Елена Ристеска и Кристина Арнаудова.

– Искрено сочувство до фамилиите на загинатите во сообраќајната несреќа кај Карпалак, нека почиваат во мир – напишаа Некст Тајм.

Во вчерашната сообраќајна несреќа, што се случи на автопатот Скопје-Тетово, починаа 14 лица.

Денеска и утре се прогласија за денови на жалост.

Photo: EPA / Frosina Novakovic

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...