Звиздиќ со сочувство до Заев за загинатите во автобуската несреќа

170

Претседателот на Советот на министри на БиХ, Денис Звиздиќ, упати телеграма со сочувство на премиерот на Северна Македонија, Зоран Заев по повод тешката сообраќајна несреќа што се случи синоќа на автопатот Скопје – Тетово.

– Длабоко ме потресе веста за тешката сообраќајна несреќа што се случи синоќа, а во која загинаа 14 ваши државјани, а голем број се повредени. Во име на Советот на министри на БиХ и во свое лично име примете искрено сочувство и Ве молам на семејствата на загинатите да им пренесете изрази на наше најдлабоко сочувство, а на повредените граѓани искрени желби за што побрзо закрепнување, се наведува во телеграмата на Звиздиќ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...