ААВМУ: Медиумите да ја усогласат програмата со деновите на жалост

105

Агенцијата за аудио и аудиовизулени медиумски услуги ги повика радиодифузерите денеска и утре да ја прилагодат програмата поради деновите на жалост прогласени по тешката сообраќајна незгода на автопатот Скопје-Тетово кај селото Ласкарци.

Музиката треба да биде од жанровите соодветни за денови на жалост, а емитувањето на забавни шоу програми, хумористички емисии или играна програма од жанрот комедија, да се одложи за други денови од неделата.

„Доколку тоа го дозволуваат веќе склучените договори, препорачливо е овие два дена да не се емитува рекламирање“, се наведува во соопштението.

Од Агенцијата нагласуваат дека јавниот радиодифузен сервис и радиостаниците кои доброволно пријавиле дека ќе емитуваат одреден процент домашна музика од македонски автори и автори на етничките заедници, денеска и утре се ослободуваат од оваа обврска.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...