По синоќешната сообаќајка има 14 мртви и 6 партници се во критична состојба. Еден од преживеаните, за ТВ Клан сведочи за страотната несреќа.
– Стабилeн сум, но имам бoлки. Искрено да ви кажам, се се случи многу брзо. Наеднаш автобусот зaгуби кoнтрола, од едната лента отиде во другата и се превртeвме. Пaднaвмe таму долу, не знам што беше тоа. Сето тоа траеше неколку секунди. Додека се освестивме веќе бевме превртени. Сите беа во многу лoшa ситуација. Полн беше автобусот, тој период сите се враќат од работа. Во 16.15 таа линија е најфрекфентна, полн беше автобусот до последно место – раскажува тој.