Советот на Опшштина Гостивар денеска во 12 часот ќе одржи комеморативна седница за загинатите во вчерашната трагичната несреќа на автопатот Скопје-Тетово. На комеморативната седница ќе присуствува и премиерот Зоран Заев.
Во несреќата во која автобус излета од патот загинаа 14 лица, а Министерството за здравство утрово информираше дека шестмина се во критична состојба.