Рама: Духовно сме покрај семејствата на настраданите

206
ФОТО: EPA/Pawel Supernak

По тешката сообраќајна несреќа што се случи на патот Скопје-Тетово, кај Карпалак, албанскиот премиер Еди Рама изрази длабоко сочувство до семејствата на загинатите, а на повредените им посака брзо закрепнување.

Рама на Твитер напиша дека „ духовно се наоѓа покрај семејствата на настраданите“.

„Жал за трагедијата на автобусот во соседната земја Северна Македонија, каде што бројот на жртви и повредени шокираа и вознемирија толку многу семејства. Ние духовно сме покрај сите семејства и целата пријателска земја“, напиша Рама.

Албанските медиуми постојано пренесуваат информации околу несреќата,бројот на повредените и жртвите,како и изјавите на надлежните.

ФОТО: EPA/Pawel Supernak

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...