До финалето на втората сезона од американскиот „Celebrity Big Brother“ стигнаа мајката на Линдзи Лохан, Дина, пејачките Тамар Брекстон и Канди Бурус, атлетичарката Лоло Џонс и поранешниот спортист Рики Вилијамс.
Рики стана главен во куќата и ја испрати во жирито Канди, а по неговата втора победа во натпревар во финалето, Дина и Лоло и се придружија на Бурус.
Жирито можеше да го избира победникот меѓу Тамар и Рики, по што сите деветмина членови едногласно ја прогласија Тамар за најдобриот играч за оваа сезона.
Комичарот Том Грин победи во гласањето за омилениот станар на Америка.
ФОТО: Си-Би-Ес