Поранешна американска контраразузнавачка Моника Елфиде Вит обвинета е за откривање на тајни информации на Техеран. Таа пребега во Иран откако го открила кодното име и тајни мисии на една програма на Пентагон.
Вит работеше за контраразузнавачката служба на американското воено воздухопловство.
Американското државно обвинителство наведе дека 39-годишната Вит пребегнала во Иран во 2013 година откако присуствувала на собир во Техеран, чија цел било „осуда на американските морални стандарди“.
Вит е недостапна за американската правда, како и уште четворица ирански хакери, кои според обвинителите, користеле информации кои таа им ги доставила против нејзините поранешни колеги од американската разузнавачка заедница.
– Четворица Иранци дејствуваа во корист на Иранската револуционерна гарда и за нив се распишани потерници – наведоа обвинителите.
Според обвинението Вит која заминала од американското воено воздухопловство во 2008 година и подоца работела по договор за Министерството за одбрана, им открила на Иранците коднот име и доверлива мисија на една специјална пристапна програма на Пентагон.
Вит во порака до неименувано лице навела „Доколку се друго пропадне, можам да излезам во јавност со таа програма и да направам тоа што го направи (Едвард) Сноуден“, поранешен службеник во Националната безбедносна агенција (НСА), кој објави американски доверливи информации.
ФОТО: The New York Times