Сочувство од Иванов за несреќата на автопатот Скопје-Тетово

210

Жалење и сочувство поради несреќата на автопатот Скопје-Тетово, во која загинаа 14 лица изрази претседателот Ѓорге Иванов.

– Со длабоко жалење и тага ја примив веста за трагичната сообраќајна несреќа на автопатот Скопје – Тетово, што се случи попладнево. Во овие тажни мигови дозволете да изразам најдлабоко сочувство до семејствата на загинатите патници. Моите мисли се со нив. На повредените им посакувам што побрзо закрепнување, се нагласува во телеграма со сочувство на претседателот.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...