Сам го извадив син ми од автобусот. Ми се јави на мобилен, само рече „не знам што се случи, имавме несреќа“. Веднаш тргнав од Гостивар кон Карпалак и го извадив син ми од автобусоу, ужасно беше. Вака накусо ја раскажа трагеијата гостиварец, кој својот повреден син го однел во Ургентниот центар во Клиниката „Мајка Тереза“, пренесе „24 инфо“.
Граѓанин пак, кој меѓу првите притрчал да им помогне на повредените за телевизијата 21 вели дека траорната слика ќе ја памети засекогаш. Тој додава дека со голи раце го кренале автобусот за веднаш да почнат да ги вадат повредените.
Голем број локални жители ја спроведуваа тешката спасувачка акција со цел во што поголем број да ги извлечат повредените лица, како и телата на загинатите.
Покрај патот се гледаа телата на неколкумина загинати лица, поклопени со откинатите банкини, а до нив стоеа членови на семејства на патниците, целосно избезумени и без информации дали луѓето кои ги бараат се починати или повредени.
Човекот кој видел како се одвива целата несреќа, изјави дека според него, автобусот се движел со голема брзина, истакнувајќи дека летал и во првиот момент кога паднал се слушале ужасни крици од внатре. Веднаш се доближил и повикал помош.
Двајца мажи управувале багери со цел да го кренат автобусот за да ги извадат луѓето кои се поклопени.
Автобусот, напукнат на два делови, а како што кажуваат лицата кои веднаш интервенирале, токму тоа ја отежнало спасувачката акција.
Шофершајбната на автобусот била летната на неколку метри, а сите делови биле распрскани околу смачканото железно, што било останато од возилото.
Крв, чанти, мобилни телефони, како и делови од облека, се гледаа меѓу искршените стакла и искорнатите упропастени седишта.
На речиси 30 секунди пристигнуваше или заминуваше по едно амбулантно возило, неколкумина повредени лица беа пренесени во болница и со приватни возила.
Локалните жители постојано им помагаа на припадниците на полицијата и останатите служби кои беа на терен.
Тие велата, дека направиле се што било во нивна моќ.
На местото на настанот се извршува увид, што ќе се спроведува во текот на целата ноќ.
Утре наутро Обвинителството ќе даде извештај за сите детали од сообраќајната несреќа.