Премиерот, министри и градоначалници изразија сочувство за загинатите во несреќата на патот Скопје – Тетово

421

Премиерот Зоран Заев на својот фејсбук профил изрази сочувство за загинатите во тешката сообраќајка што се случи попладнево на патот Скопје – Тетово, кај Карпалак.

– Неизмерна е болката и тагата и нема зборови што можат да бидат утеха за тешката сообраќајна несреќа која беше кобна за повеќемина наши сограѓани. Сочувствуваме со најблиските за нивните загуби. Ги мобилизираме сите сили и капацитети да им помогнеме на сите останати со животозагрозувачки и други повреди колку што може побрзо да ја добијат неопходната помош и да им се вратат на своите најблиски, напиша Заев.

Длабоко сочувство до семејствата и сите блиски на загинатите сограѓани во автобуската несреќа на патот Скопје – Тетово, изразија и вицепремиерот Бујар Османи, министерот за надворешни работи Никола Димитров, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, гостиварскиот градоначалник Арбен Таравари, лидерот на Алијансата за Албанците Зијадин Села, лидерот на ВМРО- ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...