Манчевски: На барање на Заев, сите вработени роднини на функционери ќе се повлечат

10768

Премиерот Зоран Заев ќе побара од сите роднини на функционери на СДСМ кои изминатиов период биле вработени во државни институции и компании да се повлечат од местата. Ова вечерва го изјави министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски во гостување на телевизија Телма.

-Зошто токму сега огласи? Ќе повторам, затоа што институциите имаат реална потреба за тој кадар. За блиски роднини и пријатели кои се вработени, морам да кажам дека тоа не се наши вредности. Ние правиме анализа, и за тоа ние немавме информација. На барање на примиерот, тој бара сите тие да се повлечат. Излеговме од еден ситем со такви вредности каде имаша партиски вработувања и ние се бориме да го промениме тој систем и да го смениме таквиот начин на размилсување. Ние признаваме дека имаме притисок и од наши членови дека тие очекуваат да бидат вработени во државни институции и некои успеале – рече Манчевски.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...