Градот Бари ќе им плаќа на граѓаните да одат на работа со велосипед

160

Градот Бари е прв во Италија, кој ќе им плаќа на граѓаните да одат на работа со велосипед.

Градоначалникот на Бари Антонио Декаро планира да го зголеми двојно бројот на велосипеди во градот оваа година и за таа цел покренува пилот- проект, кој ќе трае четири месеци и во рамките на кој ќе им се плаќа на граѓаните да одат на работа со велосипед.

На тие кои ќе дојдат со велосипед на работа или во училиште, ќе им биде платено 20 центи по километар, односно максимално 25 евра месечно, или 125 километри месечно.

За овој проект можат да се пријават до 1.000 граѓани на Бари. На нивните велосипеди ќе биде вградена направа за плаќање на километража, на основа на што ќе се пресметува месечна исплата. За „обични“ неработни возења со велосипед ќе бидат исплатени 0,04 евра по километар.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...