Премиерот Зоран Заев вечерва свикал вонредна седница, по автобуската несреќа што попладнево се случи на автопатот Скопје – Тетово околу 17 часот, кога животот го загубија 13 лица, над 30 се повредени, а осуммина се во животна опасност.
Седуммина од патниците починале на лице место, а останатите починале во медицинските центри каде што биле примени.
Поради оваа трагедија, министрите во Владата ќе ги договорат понатамошните чекори што ќе бидат преземени со цел да се расчисти случајот, а се очекува утрешниот ден да биде прогласен за ден на жалост.