Министерот за здравство Венко Филипче од Градската општа болница „8 Септември“ вечерва замина на Институтот за судска медицина каде треба да бидат идентификувани лицата што починаа во тешката сообраќајка кај Карпалак.
Пред да замине Филипче уште еднаш рече дека засега бројката на починати е 13. Од овие лица седум го загубиле животот на местото на несреќата, пет во ГОБ 8 Септември, а едно во Старата градска болница во Скопје.
Четири лица од хоспитализираните се во критична состојба, а сериозна е состојбата и на уште две лица во Ургентниот центар.
– Нови информации околу повредените вечерва нема да има, туку утре сабајле, бидејќи во тек е процесот на лекување – напомена министерот.
Речиси два часа Филипче заедно со вицепремиерите Оливер Спасовски и Бујар Османи беше во ГОБ „8 Септемвр “и да ги посети повредените.
Директорот на болницата Христијан Костов вечерва на роднините на повредените им ги соопшти имињата на сите згрижени пациенти. Жалење за несреќата изрази и градоначалникот на Гостивар, Арбен Тарвари според кој повеќето повредени, како што рече, се гостиварци