Ангеловски: Рано е да се утврди вистинската причина за несреќата

348

Портпаролот на МВР Тони Ангеловски вечерва од местото на несреќата даде изјава за медиумите во која истакна дека во моментов се утврдуваат причините за несреќата.

– За жал се случи голема трагедија, имаме бројка од 13 починати луѓе, триесетина повредени. Увидот е во тек, на лице место е излезен јавен обвинител. Тука беше и министерот Оливер Спасовски кој замина во болница заедно со министерот Филипче. Подетални информации ќе соопштиме кога ќе имаме. Разговарано е со возачот, тој моментално се наоѓа во болница. И натаму е рано да се утврди вистинската причина за несреќата – рече Ангеловски.

Тој замоли да не се шпекулир за причината на сообраќајката, односно одби да ги коментира неофицијалните информации дека автобусот се превртел откако му пукнала гума.

МВР излезе со официјални податоци за несреќата на патот Скопје- Тетово. Околу 16 часот и 45 минути автобус кој се движел кон Тетово излетал од патот преку другата коловозна лента и се превртел.

Има 13 починати и 30-ина повредени. Увидот е во тек, јавен обвинител и МВР го испитуваат настанот, а бил и министерот Оливер Спасовски.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...