Вардар пушти дополнителен број на билети за мечот со Веспрем

191

Поради голем интерес на навивачите за натпреварот од 12 коло во Лигата на шампионите помеѓу Вардар и Веспрем, од утре (четврток, 14 февруари) ќе бидат пуштени во продажба дополнителен број на билети.

Билетите ќе бидат за стоење и ќе се продаваат по цена од 150 денари преку продажната мрежа на www.ticketplus.mk и на билетарницата на СЦ „Јане Сандански”.

Натпреварот меѓу Вардар и Веспрем е закажан за во сабота во 17,30 часот, а истиот е прогласен за меч на колото во ЛШ.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...