Петмина жртви на тешката сообраќајка кај Карпалак

1050

Петмина жртви има сообраќајната несреќа која, се случи денеска околу 17 часот на автопатот Скопје-Тетово, кога автобус полн со патници се преврте кај селото Ласкарци во близина на Карпалак.

Директорот на Градска општа болница „8 септември“ Христијан Костов изјави за МИА дека двајцата жртви биле донесени починати, а тројца починале по обидите да се реанимираат.

Тој истакна дека засега се донесени околу 35 повредени лица и додаде дека веројатно бројката ќе се зголемува. Од нив еден е на интензивна нега и се бори за живот, а другите се со изолирани со повреди, скршеници и рани.

– Отворени се четири операциони сали. Сите екипи се повикани со цел капацитет. Сите повредени се сместени во новиот отворен траума центрар. Тој е нов и добро подготвен. Сите се таму и мислам дека освен овие жртви, другите ќе бидат добро, изјави Костов за МИА.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...