Веќе нема никакво сомневање – следниот бокс натпревар на големата ѕвезда во тешка категорија, Ентони Џошуа ќе се одржи во САД. За прв пат во својата кариера, Британецот ќе се бори во странство, а негов ривал ќе биде Џарел Милер.
„Големото бебе“ Милер ќе има шанса да ги нападне сите титули – ВБA, ВБO, ИБФ и ИБO – кои се во сопственост на Британецот. Дуелот ќе се одржи во „Медисон Сквер Гарден“ на 1 јуни.
Ова ќе биде седма последователна одбрана на титулите за 29-годишниот Еј Џеј, кој очигледно го прави следниот чекор кон долгоочекуваниот дуел од сите боксерски фанови – против Дионтеј Вајлдер. „Бронзениот бомбардер“ сепак најверојатно прво ќе мора да одработи реванш против Тајсон Фјури, против кого забележа реми во почетокот на декември.
Официјалната прес-конференција пред натпреварот Џошуа-Милер ќе се одржи во Њујорк следната недела