Се извлекуваат патници од превртениот автобус, повредените се носат во Ургентен центар и во „ 8 Септември“

1545

Спасувачи, амбулантни возила на Итната помош и противпожарни возила на автопатот Скопје – Тетово кај Карпалак извлекуваат патници од превртениот автобус кој поладнево заврши во провалија.

Неофицијално, во автобусот патувале околу 50 лица. Засега нема информации колку лица се повредени, а се споменува и дека има загинати патници.

Местото на несреќата е блокирано од страна на полициски екипи, а медицински тимови во Скопје се мобилизираат за да им пружат прва помош на повредените.

Официјални информации се уште нема за тоа што се случило и дали во сообраќајката има жртви и повредени.

На лице место се упатени и протипожарни екипи да помогнат во извлекување на повредените, а болниците во скопје се мобилизираат да ги примат повредените.

Несреќата според очевидци, се случила откако автобусот преминал на другата страна од колозовот, ја пробил оградата и се превртел во провалијата. Според непотврдени информации автобусот се превртел откако му се слошило на возачот кој доживеал срцев удар, според други пак, експлодирала гума на автобусот.

Во Ургентниот центра во Скопје се донесени тројца најтешко повредени патници. Другите повредени се однесени во болницата „8 Септември“.

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...