Пратеникот Горан Милевски, денеска го злоупотреби моментот за презентација на Извештајот на ЕЕЗ и тенденциозно и крајно некоректно пласира дезинформација дека МЕПСО купува фотељи од кожа од бизон, велат од МЕПСО и го канат пратеникот да дојде во компанијата, да ги најде и да седне во тие фотељи.
– Во таа прилика ќе му биде објаснето дека МЕПСО во својот дел од реформите во електроенергетскиот систем целосно со поддршка од ресорниот владин кабинет и од акционерот Министерството за транспорт и врски ги спровел сите задачи од реформскиот пакет и дека активно, во својот сегмент на работење, се подготвува за имплементација на пазарот за балансна енергија, стои во соопштението.