Македонија ќе добие поддршка од Норвешка за намалување на загадувањето и за управувањето со опасен отпад, беше речено на денешната средба на министерот за дијаспора, Едмонд Адеми и градоначалникот на Осло, Мариане Борген.
Адеми и Борген разменија мислења и за интеграцијата на македонската дијаспора во Осло и околината, како и за идни заеднички проекти кои дополнително ќе помогнат за поголема инклузивност.
На средбата се истакна добрата билатерална соработка меѓу двете земји и беше потврдена посветеноста за натамошно градење блиски и пријателски меѓусебни односи.
Министерот Адеми кој престојува во работна посета на Кралството Норвешка, упати честитки до Борген за престижната титула „Европски зелен град 2019“ што му беше доделена на Осло од Европската комисија на градот Осло, при што се укажа потребата за размена на знаења и искуства од Општината на градот Осло со цел да се постигнат слични видливи резултати и во Македонија, посебно во градот Скопје.
Согласно програмата на работната посета, министерот Адеми попладнево ќе има средба и со претставници на дијсапората што живее и работи во Осло и околината.