Имињата на градовите како Македонска Каменица и Македонски Брод, како што рече владиниот портпарол Миле Бошњаковски, ќе останат исти, додека институциите кои во своето име имаат македонска, македонско имаат рок од четири месеци да го променат името.
На граничните премини новото име ќе биде напишано на македонски, англиски и на јазикот кој го говорат 20 проценти од граѓаните во таа локална самоуправа.
Засега не се знае точно кога ќе биде поставено новото име на зградата на Владата, но тоа, како што вели Бошњаковски, треба да биде направено во рок од четири месеци, период во кој треба да се променат и таблите на институциите на централно и локално ниво.