Приведена пекарка која одбила да услужи полицаец при протестите на „жолтите елеци“ во Париз

215

Француската полиција денеска приведе вработена во париска пекарница, која одбила да услужи полицаец на 2 февруари за време на протестите на „жолтите елеци”, јави дописникот на МИА.

Како што пренесоа повеќе француски медиуми, 32-годишната пекарка е притворена поради „одбивање на продажба и навреда на лице кое има јавни овластувања“.

Обвиненијата се базираат на кусо видео кое стана интернет хит по поставувањето на социјалните мрежи.

На снимката се гледа полицаецот во цивилна облика, на кој не му биле дозволено да влезе во пекарницата, при што дијалогот се фокусира на неговото оружје.

– Дали гледате оружје? – прашува полицаецот.

– Не знам, јас само ве предупредувам, нема влегување со оружје во… – одговара вработената.

– Добро, добро, значи можеме да поминеме – возвраќа полицаецот.

– Ако немате оружје е добро – одговара пекарката.

– Добро претпоставувам дека ќе одам на друго место, а излозите ви се полни – вели на крајот полицискиот службеник пред да замине.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...