Екипите на зимската служба на Град Скопје интервенирале на градските сообраќајници со 100 тони сол и сите улици се чисти и проодни, информира Градот.
Интервенирано е на сите мостови, клучки, надвозници, подвозници и високите зони, како и на сите други таканаречени „црни точки“ во градот и критичните точки на градските сообраќајници.
Градот Скопје им препорачува на возачите да возат внимателно и да се придржуваат на условите на коловозите. Од таму апелираат до сите стопански субјекти и до граѓаните да ги почитуваат законските обврски и да го расчистуваат снегот и мразот од пристапите до нивните деловни, односно станбени објекти.