Епидемијата ги презакажува за март прегледите во „Мој термин“ на Детска клиника и во Козле

120

Закажаните прегледи во февруари на „Мој термин“ од денеска почнаа да се одложуваат за во март и тоа на Клиниката за детски болести и на Институтот за белодробни заболувања кај децата во  Козле, поради епидемијата на мали сипаници.

Од Министерството за здравство изјавија дека оваа мерка се применува во овие две установи, а дека закажаните прегледи на другите клиники и болници треба да се реализираат.

– Термините за рутински прегледи кај децата закажани во февруари, се одложуваат за март, за децата непотребно да не се доведуваат во опасност да бидат заразени со мали сипаници или со грип при престој во овие две установи. Но ако некое дете мора да биде прегледано и во овој период, доколку тоа го наложува здравствената состотојба, во тој случај прегледот ќе се реализира и нема да се одложи – велат во Министерството и додаваат дека презакажувањето на прегледите се однесува само на овие две установи, не и пошироко.

На Клиниката за детски болести информираат денеска почнале по телефон да ги известуваат пациентите дека прегледите им ги презакажуваат за март, а вообичаено ќе работи само невролошката амбуланта, која не се наоѓа во иста зграда со клиниката.

Според изјавите на надлежните, само во случаите кога има итна состојба за преглед на некое дете на Детска клиника, нема да има одложување.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...