Не може да помине ниту една недела без да се појави студија во која загрижено се зборува за компулзивната употреба на смартфони и социјалните мрежи, се вели во статијата на „фт.ком“.
– Трепкачкото светло на мобилниот телефон и дојдовно предупредување може да станат составен дел за нашето сетилно искуство, па можеме да се чувствуваме непријатно без нив – изјавил психијатарот Пол МекЛарен.
Офком, регулатор за комуникации во Велика Британија, вели дека две петтини од возрасните погледнуваат во мобилниот телефон во рок од пет минути по будењето.
Ова го правеле речиси две третини од помладите од 35 години. Повеќе од пола испитаници изјавиле дека поради овие уреди се прекинуваат разговори со семејството и пријателите.
Истражувачкиот центар Пју објави дека една четвртина од возрасните Американци се речиси постојано на интернет.
На последното издание на анкетата која беше спроведувана подолго време на Велика Британија од консултантската фирма „Делоит“, половина од испитаниците признале дека имаат потреба постојано да погледнуваат во својот мобилен.
Франција го забележа овој проблем, па со нов закон им гарантира на вработените да се „исклучат“ откако ќе ја напуштат работата. Германски компании исто така преземаат мерки во врска со ова прашање.
Дајмер автоматски ги брише пораките на вработените додека тие се на одмор, а Фолксваген ги блокира и ги остава во сандачето на вработените дури кога се враќаат на работа.