Ванеса Хаџенс се збогува со нејзиниот дом со пет спални соби и шест бањи во Лос Анџелес, пренесува „E! News“.
Триесетгодишната актерка ја купила куќата околу 2.9 милиони долари во 2008 година, а сега ја продава за нешто помалку од 4 милиони долари.
Наводно, во декември, Хаџенс заедно со нејзиното момче, Остин Батлер, сакале да купат замок од Гери Олдман за нешто помалку од 5 милиони долари.
Куќата што ја продава Хаџенс е опишана, меѓудругото, со неверојатни погледи и двостран камин.
ФОТО: E! News