Капитенот на Рома, Даниеле де Роси по победата (2:1) над Порто во осминафиналето на Лигата на шампионите беше фасциниран од играта на младиот и талентиран Николо Заниоло.
Деветнаесетгодишниот Италијанец постигна два гола во второто полувреме.
– Заниоло е неверојатно силен физички за својата возраст, но има и неверојатна техника. Веќе е одличен играч и му прогнозирам дека ќе стане голем шампион. Знаевме дека натпреварот ќе биде тежок. Штета е што пропуштивме добра предност. Резултатот од 2: 1 не ветува мирен реванш. Сега шансите се 51:49 во наша корист, изјави Де Роси.
Реваншот на кој домаќин ќе биде Порто, ќе се игра на 6 март во Португалија.