Легендарниот голман на Јувентус и репрезентацијата на Италија Џанлуиџи Буфон го прокоментира враќањето во селекцијата на „азурите“ за контролните средби со Аргентина (23 март, 20:45 часот) и Англија (27 март, 21:00 часот).
Буфон го објави своето повлекување од националниот тим по неуспехот на Италија да се пласира на Мундијалот 2018, но доби покана за пријателските средби, која сепак ја прифати.
– Мислам дека сите веќе се свесни за улогата што ќе ја исполнувам во националниот тим. Во кариерата секогаш сум бил алтруист, сум се откажувал од личните амбиции во името на тимот. Може и да сум на 40 години, но се уште сум број 1 во Јувентус. Не знам дали претстојните натпревари ќе бидат моите последни за „азурите“ или Јувентус. Важно е дека сум многу смирен – рече Буфон.