Во потешка состојба две деца со морбили, заразени и двајца 35-годишници од Бутел

594
На Клиниката за детски болести во моментов има 9 деца со морбили, од кои две се во потешка состојба, која може да се влоши во секој момент. На клиниката се организираат и три оддели каде се сместени деца со грип – велат од оваа установа.
А на Инфективната клиника во моментот има 21 пациент со морбили и компликации од болеста.
– Во текот на вчерашниот ден прегледани се 7 пациенти со морбили, од кои 2 се примени за болничко лекување. Едниот пациент е на возраст од 38 години, од Кисела Вода, со непознат вакцинален статус. Другиот пациент е 2,5 годишно дете од Јурумлери, Гази Баба, кое е невакцинирано. Останатите 5 пациенти се прегледани амбулантски и пратени на домашно лекување (две деца на возраст под една година од Бутел кои биле невакцинирани, 25-годишен пациент од Гостивар, без податок за вакцинален статус, двајца пациенти од Бутел на 35-годишна возраст, од кои едниот со примена една вакцина, а другиот без податок за вакцинален статус) – информираат од Инфективната клиника.
Досега се регистрирани над 200 заболени од мали сипаници, најмногу во Скопје, а, за жал, од петокот до вчера починаа и три деца.

Комисијата за заразни болести вчера донесе нови противепидемиски мерки – сите родители кои имаат деца со наполнети 6 месеци, а живеат на територијата на градот Скопје, од денеска да се јават во најблискиот вакцинален пункт за да ги вакцинираат своите деца со МРП вакцината.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...