Поради пребрзо возење во Швајцарија, на Германец му се заканува затвор

157

Германски државјанин во Швајцарија го возел својот автомобил со брзина од 249 километри на час на делница каде што ограничувањето на брзината е 120 километри на час, за што покрај парична казна и одземање на возачката дозвола, може да добие и до четири години затворска казна.

Инцидентот се случил во неделата близу Боденското Езеро. Полицијата веднаш му ја одзела дозволата, го запленила автомобилот и го привела возачот.

Пребрзото возење според швајцарските закони се третира како кривично дело, а не како прекршок и предвидени се затворски казни во траење од една до четири години.

Пред пет години, друг Германец беше фатен како вози со 200 километри на час во тунел, по што беше осуден на 30 месеци затвор.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...