Телма објави дека од Кабинетот на претседателот Ѓорѓе Иванов информирале дека Иванов не бил поканет на денешната церемонија за поставување на знамето на НАТО пред македонската Влада.
Не беа присутни и од раководството на опозициската ВМРО ДПМНЕ, а празно остана и столчето кое беше наменето и за поранешниот претседател Бранко Црвенковски.
На церемонијата не беше присутен ни лидерот на ДУИ, Али Ахмети, а во изјава за Независен, од неговата партија објаснуваат дека поканите за настанот ги добиле вчеравечер во Собранието и поради кусото време за организација, не било возможно Ахмети да ги откаже сите претходно закажани обврски.