Работник добил скршеница на нога при пад од утоворна машина откако загубил контрола.
Несреќата се случила вчера во селото Топлица околу 15 часот.
Педесет и девет годишниот Н.Ј. од Долна Бањица работејќи со утоварната машина (јумба) во близина на бензинска пумпа изгубил контрола над машината, и паднал. При тоа, машината продолжила да се движи и со предниот дел удрила и го оштетила агрегатот за електрична енергија на бензинската пумпа.
Повредениот Н. Ј., по укажаната помош во гостиварската Општа болница „Ферид Мурад“, пренесен е на скопските клиники.
Извршен е комплетен увид и се расчистува случајот.