Претседателот на Социјалдемократската партија на Црна Гора, Ранко Кривокапиќ упатил до норвешкиот Нобелов институт формална номинација за оваа година Нобеловата награда за мир да им се додели на премиерите на Македонија и Грција, поради Договорот од Преспа со кој се реши стариот спор меѓу двете земји.
– Со овој историски договор, не само што е затворено прашањето кое ја блокираше европската и евроатлантската иднина на Македонија долги 27 години, ами ствараше и јаз меѓу двете соседни држави – било наведено во номинацијата на Кривокапиќ.
Ова е втора номинација на Заев и Ципрас за Нобеловата награда за мир, награда која се доделува на 10 декември секоја година на денот на смртта на Алфред Нобел.