Пресуда на судот во Стразбур поттикна промени во Законот за матична евиденција

597

Министерство за правда подготвува измени на Законот за матичната евиденција.

Со измените на Законот, образложуваат од Министерството за правда, ќе се уредат постапката и условите за правно признавање на родот за да се спроведе пресудата на Европскиот суд за човекови права за случајот на лицето Икс против Република Македонија од 17 јануари годинава, тврди порталот Академик.

Законот за матична евиденција сега не обезбедува јасна процедура за промена на ознаката за пол.

Европскиот суд за човековите права донесе пресуда во корист на трансродовото лице Икс, кое ја тужеше Македонија поради повреда на правото на приватност и неефикасен правен лек во земјата. Тужителот Икс го променил полот од женски во машки, но не можел административно да ја впише промената поради непостоење на соодветна законска рамка.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...