Дваесет и седумгодишната Сурџит Атвал била дрогирана, убиена и фрлена во река. Социјализација со луѓето, била причината поради која свекрвата сметала дека Сурџит е срам за семејството.
Во новиот документарец „Убиство во моето семејство“, јатрвата Сарбиџит Атвал зборува за тоа како нејзиното семејство ја излажало Сурџит од Велика Британија да замине во Индија, за да ја задават и фрлат во река во декември 1998 година.
Четириесет и деветгодишната Сарбиџит се уште се сеќава кога свекрвата и го открила злобниот план.
– Бев шокирана, но мислев дека е само лута. Немаше шанси сериозно да предлага убиство. Мислев дека ќе се смири, но Сукдаве, сопругот на Сурџит, само седеше и молчеше – додала Сарбиџит.
Сурџит на 16 години се омажила и се преселила во западен Лондон. Веднаш по договорениот брак станала очајна поради терорскиот режим на свекрвата. Барала развод два пати, а вториот пат, семејството на нејзиниот сопруг ја излажало да замине за Индија на две венчавки, каде е убиена.
Еден ден подоцна откако Сурџит и свекрвата заминале за Индија, Сарбиџит се јавила во полиција и се им раскажала.
Свекрвата се вратила од Индија без снаата и со гордост соопштила дека таа е убиена, но дека сите во домот ќе се однесуваат како да не знаат што се случило.
Surjit Athwal’s sister-in-law knew of family’s insidious murder plot https://t.co/uqvCD8iReB via @MailOnline
— Klondike. (@myk11_mike) February 11, 2019
ФОТО: Принтскрин