Министерство за култура: Медиумите не беа избркани, сами заминаа

626

Mедиумите сами, по нивна желба, ги напуштија просториите на Министерството за култура, а дел од нив тенденциозно известија дека имало притисоци да ги напуштат просториите, што е неточно, реагира Министерството за култура за обвинувањата дека биле нетранспарентни при денешната работа на стручните комисии кои ги разгледуваа одбиените апликации на Годишните конкуси за проекти од национален интерес.

– Стручните комисии денеска почнаа со работа и тоа со работно време од 10.30 до 16.30 часот, период во кој медиумите имаа можност да снимаат инсерти од нивната работа и да го проследат целиот процес на прегледување на пријавите. Дел од медиумите преносоа изјави од учесници на конкурсот, без самите апликанти да ги добијат решенијата од Министерството за култура со образложенијата зошто се одбиени. За исказите на некои апликанти, учесници на конкурсот за меѓународна дејност и наводните превиди на комисијата при евидентирањето на некои материјали (како покана за учество  на апликантот), известуваме дека Комисијата за меѓународна дејност сѐ уште не е почната со работа и со разгледување на одбиените проекти, стои во соопштението.

Од таму додаваат дека медиумите, иако имале можност да го следат целиот процес на работа на стручните комисии, не го сториле тоа, туку испратиле прашања до Министерството, а некои не ги објавиле одговорите.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...