Законодавната парламентарна комисија на албанскиот Парламент едногласно го подржа Протоколот за членство на Македонија во Северноатлантската алијанса.
– Членовите на Комисијата од власта и од опозицијата, по долг период за првпат се одногласни околу едно прашање а тоа е изгласувањето на Протоколот, со кој се отвора патот за Северна Македонија да се приклучи во НАТО како 30-та членка, наведуваат албанските медуми.
Со денешното гласање на Протоколот од страна на Законодавната комисија му се дава зелено светло на Собранието да го ратификува Протоколот, што ќе се случи во четврток, за кога веќе е закажана седница.
Агенцијата „Балкан веб“ јави дека на собраниската седница во Албанија се очекува да присуствува претседателот на Собранието Талат Џафери.
Четврток, како можен ден за ратификација на Протоколот го посочи и претседателот на албанскиот Парламент Грамоз Ручи на средбата со македонскиот амбасадор Данчо Марковски.
– Првиот можен датум за ратификација е следната седмица, 14 февруари 2019 година, за кога е закажана седница на Собранието – изјави Ручи.
Имено, албанските власти го поздравија потпишувањето на Протоколот за членство на Македонја во НАТО оценувајќи го како чин на гаранција за безбедноста и стабилноста во регионот.