Обвинителството нема да го гони Асани за случајот со „пајакот“ и полицајката

386

Обвинителството нема да го гони функционерот на ДУИ, Бекир Асани, кој пред една година ја нападна полицајката Јасмина Јаначкова, која заедно со пајак-службата се обидела да го крене неговото непрописно паркирано возило. Oбвинителот констатирал дека кривичното дело напад врз службено лице не може се гони по службена должност и ја затворил постапката против Асани, јавува Макфакс.

Асани, по инцидентот даваше исказ во полициската станица Бит пазар.

Тогаш случајот се најде и во дневните билтени.

„Денеска околу 10 часот на крстосниците на булевар Гоце Делчев и улица Филип Втори во Скопје, при подигање на патничко моторно возило „ланд ровер” со скопски регистарски ознаки со специјално возило „пајак”, од страна на Б.А. вербално е нападната полициска службеничка, која била на местото на настанот. Бидејќи Б.А. агресивно се однесувал кон полициската службеничка, биле повикани и други полициски службеници на местото на настанот. Се работи на целосно расчистување на случајот“, соопштија тогаш од полицијата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...