Aукција на акварели на Хитлер заврши неуспешно

191

Пет акварели за кои се смета дека ги насликал нацистичкиот диктатор Адолф Хитлер во младоста, не беа продадени на аукција во Нирнберг, веројатно поради сомнежите дека можеби се фалсификат.

Почетните цени на  „уметничките дела“ се движеа од 19.000 до 45.000 евра, но за нив не стигнала ниедна понуда.

Три дена пред аукцијата што се случи саботата, во аукциската куќа беа запленети 63 слики кои, исто така, му се припишуваат на Хитлер, под сомнеж дека всушност, не се негови.

Се претпоставува дека Хитлер во младоста нацртал околу 2.000 слики.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...