Тренерот на Барселона, Ернесто Валверде, го сподели своето мислење за ремито со Атлетик Билбао во натпреварот од 24. рунда од Примера против Атлетик Билбао.
– Тоа беше тежок натпревар, особено во првото полувреме. Замор? Ако победиш, заморот исчезнува, а ако не победиш, изгледа како пречка. Имавме напорна недела, но не сакаме да даваме изговори. Барселона беше првата минатата недела, останавме на прво место и оваа недела. Имаме предност и ќе продолжиме на лидерското место во шампионатот и следната недела, изјави Валверде.
Тој за капитенот Лионел Меси рече дека е целосно закрепнат од повредата и без проблем го одигра целиот меч.
– Штом игра, тогаш тој е уверен во себе, нагласи Валверде.