Јасминка Јовановска, мајка на сопственикот на 1тв, Бојан Јовановски во петокот на седница на Собранието е изгласана за нов член на Комисијата за заштита на правото на слободен пристап до информации, пишува Истражувачката репортерска лабораторија Македонија.
„Според извори во редовите на пратениците кои одлучувале, препораката за Јовановска дошла лично од Александар Кирацоски, генерален секретар на СДСМ и пратеник во Собранието. Ова го потврдија и пратеници од СДСМ и пратеници од Комисијата за избори и именувања од двете партии“, вели Истражувачката репортерска лабораторија.
Според биографијата поднесена во Собранието, Јовановска работела како правник во Меѓуопштинскиот центар за социјална работа на Град Скопје. Од 1998 година е вработена во Министерство за труд и социјална политика на работно место раководител на секторот за социјална заштита.