Пред почетокот на Европските младински олимписки игри во Сараево, денеска премиерот Зоран Заев се сретна со Ана Марија Зафировска и Никола Петковски, македонските претставници на овој фестивал, информираа од Владата.
Обајцата ќе се натпреваруваат во дисциплината „крос кантри“, а овој настап за нив ќе биде прво меѓународно искуство.
Премиерот Заев, посакувајќи им среќа и успех, ја посочи поддршката од сите граѓани на Република Северна Македонија.
„Успехот во спортот носи голема радост и секако е најголем амбасадор на една земја“, додаде премиерот Заев.