На планинскиот превој Стража и на патниот правец Маврово-Дебар попладнево е воведена забрана за тешки товарни возила.
На превојот Стража забраната е воведена од 18:10 часот, а на патниот правец Маврово-Дебар од 18:15 часот.
Во 18:45 часот е воведена забрана за тешки товарни возила на патниот правец Кичево – Охрид, преку планинскиот премин Пресека.
На останатите патишта низ државата сообраќајот се одвива по влажни коловози.